Младиот 19-годишен ракометар Кристијан Стаменковиќ е нов играч на Вардар. Тој потпиша четиригодишен договор со „црвено-црните“, а доаѓа од екипата на Голден Арт.
Во 2023 година бил избран за МВП на Ф4 турнирот во младинска категорија. Стаменковиќ својот прв настап за Вардар ќе го има на турнирот во Струга.
„Во Вардар ќе има шанса за напредување и секако ќе конкурира за настап и во европските натпревари на „црвено-црните“ – стои во објавата на РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА