Ракометните клубови во Македонија продолжуваат со подготовките за продолжението на сезоната во Суперлигата.
Вечерва во салата „Билјанини извори“ во Охрид пријателски меч одиграа двократниот европски шампион РК Вардар и ГРК Охрид. Подобар на овој меч беше скопскиот клуб кој славеше со 29-33.
Вардарци уште на самиот старт тргнаа посилно, па веќе на пауза имаа комотни плус пет 10-15. Во вториот дел само го приведоа мечот до самиот крај за конечни 29-33.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

