РК Вардар со последен поздрав до голманот на Порто: Почивај во мир Квинтана

РК Вардар 1961, како и повеќето ракометни клубови, испрати последен поздрав до одличниот голман на Порто, Алфредо Квинтана, кој откако доби срцев удар, по четири дена почина денес. Оваа вест го потресе ракометниот свет, па до Порто и семејството на Квинтана, пристугнуваат пораки со сочувство од цела Европа.

Вардар 1961 на својот Фејсбук профил, изрази жалење за оваа трагедија, па упати сочувство до пријатели и соиграчите на Квинтана.

„Почивај во мир Алфредо Квинтана. Вардар 1961 испраќа сочувство до неговото семејство, пријателите и соиграчите, како и до клубот Порто и португалската ракометна федерација“.

За потсетување, ракометарите на Вардар 1961, на последниот натпревар против Елверум, носеа маици со поддршка за Алфредо.

Се вчитува...