По поразот во вечното дерби од Е. Пелистер двократниот европски шампион Вардар им се врати на победите во домашниот шампионат откако вечерва без никакви проблеми славеше против „фенерџијата“ Радовиш со 40-26 во меч од 17. коло од Суперлигата.
Вардарци тргнаа фуриозно уште од самиот старт и веќе на пауза имаа позитива од девет гола 22-13. Во вториот дел „црвено-црните“ рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 40-26.
Николас Боно со 11 гола беше прво име кај Вардар, додека кај поразените Здравко Постолов постигна осум гола.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

