Роб Гронковски ја заврши кариерата

Еден од најдобрите тајд-ендови во историјата на НФЛ лигата, Роб Гронковски и официјално ја заврши професионалната кариера.

33-годишникот на социјалните мрежи ја објави оваа информација. Еден од омилените соиграчи на Том Брејди веќе еднаш се врати од пензија откако дресот на Њу Ингланд го замени со тој на Тампа Беј како повторно би играл со Брејди.

Во 11 годишната кариера во НФЛ, популарниот Гронк четири пати ја освојуваше титулата, а пет пати беше биран во најдобриот тим на сезоната.

Се вчитува...