Робен е класа – прв гол по една година пензија (видео)

Арјен Робен по една година пензија реши да му се врати на фудбалот и потпиша договор со својот поранешен клуб Гронинген, а не требаше да мине многу време за холандскиот великан да се израдува и на првиот погодок по камбекот на терените.

Тој стрелаше прецизно на пријателскиот натпревар против Арминија, со прецизен удар од работ на шеснаесетникот матирајќи го голманот на германскиот прволигаш.

Ова е прв гол на Робен за Гронинген по пауза од цели 18 години, откако беше прецизен за „зелено-белите“ на 28 април 2002 година. Потоа брзоногиот офанзивец ја лансираше кариерата преку ПСВ Ајндховен, а најдобрите моменти ги имаше како член на Челси и Баерн Минхен.

Се вчитува...