Легендарниот холандски фудбалер, Ариен Робен објави дека на крајот на сезоната го напушта Баерн Минхен, по десет сезони поминати во германскиот шампион. Договорот на Робен со Баерн му истекува на 30 јуни 2019 година и како што потврди нема да биде обновен.
„Ова е мојата последна сезона во Баерн. Ова беа десет извонредни години“ – изјави 35-годишниот Робен.
Со Баерн Минхен, тој досега има освоено една титула во Лигата на шампионите, еден Супер Куп, седум титули во Бундеслигата и четири Купа на Германија.
Холанѓанецот дојде во Баерн во летото 2009 година од Реал Мадрид, а неговиот трансфер тогаш чинеше 25 милиони евра.
Многу извесно е дека Баерн на крајот на сезоната ќе се збогува со уште една легенда на клубот. Претседателот на Баерн, Ули Хенес изјави дека повеќе од сигурно е дека ова ќе биде последна година во тимот и за Франк Рибери. Но, за разлика од Робен, официјална потврда од Рибери засега се уште нема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА