Холандскиот интернационалец Арјен Робен имаше жестока реакција кон својот тренер Карло Анчелоти, кој одлучи да го замени пет минути пред крајот на мечот против Борусија Менхенгладбах и да му даде шанса на Ренато Санчез. Холанѓанецот му одбруси на италијанскиот стратег и имаше непрофесионален однос при заминувањето надвор од теренот.
Германските медиуми откриваат дека Баерн Минхен сигурно ќе го казни парично Робен за ваквиот однос, а можно е и Анчелоти воопшто да не го уфрли во составот за наредниот меч од Бундес-лигата, по репрезентативната пауза. Реакцијата на Робен сепак им беше смешна на неговите соиграчи од клупата, Боатенг, Рибери и Чаби Алонсо…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА