Робен: Минавме низ пекол со коронавирусот, сопругата едвај дишеше но се спаси…

Сопругата на легандарниот холандски фудбалер Арјен Робен минале повеќе од тешко мигови во битката со коронавирус. Робен открива дека заедно минале пеколни денови за време на нејзиното лекување, кои сакаат да остане само една лоша приказна зад нив.

„Минавме навистина пеколни денови. Бев многу загрижен за неа. Едвај дишеше, и беше многу тешко. Чувствуваше силни болки во градите неколку денови. Дефинитивно сфативме дека оваа болест не е нешто што ќе мине за ден или два. Во карантин бевме две недели, имаше моменти кога навистина не можеше да дише, но за среќа се избори со болеста и сето тоа сега е зад нас. Но, сакам да им порачам на луѓето да се чуваат затоа што ова воопшто не е наивно“ – вели Робен.

Се вчитува...