Робен му се враќа на фудбалот, и тоа во Бразил

Легендарниот холандски фудбалер Арјен Робен најави дека можно е да направи кам-бек на фудбалските терени. Претседателот на бразилскиот Ботафого, Рикардо Ротенберг потврди дека од клубот испратиле понуда до Холанѓанецот.

„Робен е мојот идол. Тој е неверојатен фудбалер. Секогаш постои ризик кога немате долго играно, но сеедно сме во контакт и беше задоволен од мојата понуда“, изјави Ротенберг.

Робен неколку пати изјавуваше дека му недостига фудбалот и дека сака да се врати на терените.

„На почетокот немав проблеми, воопшто не ми недостасуваше фудбалот. Но, во последно време, имам криза и станува потешко да се надмине. Мислам дека би сакал да играм уште малку“, изјави Робен.

Покрај Холанѓанецот, Ботафого е заинтересиран и за Јаја Туре и Џон Оби Микел.

Се вчитува...