Арјен Робен пред неполни два месеци објави дека ја завршува кариерата, одбивајќи неколку интересни понуди од клубови од различни страни на светот. Сепак, 35-годишниот Холанѓанец не ја отфрла можноста во меѓувреме да се премисли, па во текот на сезонава да се врати на терените.
„Во моментов стојам зад својата одлука, но во животот често го користам начелото „Никогаш не вели никогаш“. Кој да знае, можеби за еден или два месеци ќе имам чувство дека премногу ми недостига фудбалот и ќе решам да се вратам. Сигурно ќе останам солидно подготвен доколку дојде до таква ситуација, но засега размислувам само на одморот“ – истакна Робен.
Франк Рибери на промоцијата во Фиренца јавно го повика Робен да му се приклучи во дресот на Фиорентина, а Холанѓанецот експресно одговори.
„Нема проблем, ќе потпишам… но само доколку дојде и Ибрахимовиќ“ – прокоментира Арјен Робен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА