Робен на натпревар доаѓа со велосипед (ВИДЕО)

Арјен Робен не издржа долго во пензија па по повлекувањето во 2019, 12 месеци подоцна се врати во матичниот Гронинген од кој замина пред 18 години. Веднаш ја доби капитенската лента, но проблеми му направи повредата поради која оваа сезона има одиграно  44 минути. На последниот натпревар (0-0) против Утрехт одигра 14 минути.

Но, она што привлече внимане е начинот на кој Робен дојде на натпреварот. Големата ѕвезда која има огромна заработка бидејќи низ кариерата беше дел од ПСВ, Челси, Рела Мадрид и од Баерн Минхен на стадионот пристигна со велосипед.

 

 

 

 

Се вчитува...