Крилото на Баерн Минхен, Арјен Робен, викендов нема да настапи против Лајпциг, откако отсуствуваше и на реваншот против Бешикташ во ЛШ.
Тренерот на „баварците“, Јуп Хејнкес посочи дека искусниот Холанѓанец се уште не е комплетно подготвен и не сака да ризикува. Во натпреварот во кој Баерн со победа може да ја завери шестата титула во низа во домашниот шампионат, во составот се враќа Хамес Родригез, кој пак се здоби со повреда на првата пресметка против турскиот шампион, но сега е подготвен за настап.
Дербито се игра в недела во 18:30 часот, во рамките од 27. коло од Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА