Холандскиот интернационалец Арјен Робен ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен до јуни 2018 година. Преговорите меѓу крилниот играч и раководството на баварскиот клуб се влезени во завршна фаза и дадена е согласност од двете страни за продолжување на соработката, откриваат германските медиуми. Во наредните денови се очекува Баерн Минхен и официјално да ги потврди овие информации.
Робен дојде на „Алијанц арена“ во 2009 година од Реал Мадрид и досега одигра 152 бундеслигашки мечеви за Баерн Минхен, постигнувајќи 82 гола. Со клубот освои пет шампионски титули во Германија, како и трофеј во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА