Арјен Робен уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите актери во светскиот фудбал изнудувајќи пенал за Баерн Минхен на жешкиот терен на „Сантијаго Бернабеу“. Холанѓанецот ја протна топката крај Кашемиро, а потоа самиот иницираше контакт со противничкиот фудбалер, по што се испружи на тревата.
Домаќините бараа жолт картон за Робен, но последниот збор го имаше судијата Касаи – кој покажа на белата точка. „Кралевите“ протестираа, но се им беше попусто, Левандовски рутински реализираше од белата точка за суперинтересна завршница на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“.
Casemiro Controversial Penalty Foul vs Arjen… by wfproductions
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА