Робен потпишува за Лестер

Холандскиот ветеран Арјен Робен ќе потпише за англискиот премиерлигаш Лестер, пренесуваат медиумите на Островот.

35-годишниот Холанѓанец, по десет години заминува од Баерн Минхен, но се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Од баварскиот клуб ќе се збогува во финалето од Купот на Германија против Лајпциг, кое на програмата е викнедов, а како што пренесуваат медиумите во Британија тој би можел да се пресели во Лестер.

Сезонава Робен за Баерн Минхен настапи на само 18 натпревари, на кои постигна шест гола.

 

 

Се вчитува...