Холандскиот интернационалец Арјен Робен очекува да ја продолжи соработката со германскиот првак Баерн Минхен. Тој од 2009 година е во редовите на баварскиот клуб, а актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната.
„Ако јас се прашувам, тогаш не би менувал ништо и би продолжил да го носам дресот на Баерн Минхен. Но, за договор се потребни две страни. Ќе видиме, го оставам тоа на раководството, тие најдобро знаат што е најдобро за тимот. Во секој случај, до последен миг со радост ќе го носам дресот на овој клуб“, изјави Арјен Робен.
Баерн Минхен се подготвува за вториот дел од сезоната во Бундес-лигата, кој почнува в петок, кога баварскиот клуб му гостува на Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА