Робен се жалел: Син ми тренира повеќе во школо отколку ние со Анчелоти

Променливите игри и резултати на Баерн Минхен биле неизбежни поради преслабите тренинзи што фудбалерите на баварскиот гигант ги имале под водство на Карло Анчелоти. Италијанскиот стручњак минатата седмица доби отказ од функцијата, формата не се крена викендов откако Баерн одигра само 2-2 на гостувањето против Херта, а во меѓувреме весникот „Кикер“ објави нови детали околу незадоволството на „ѕвездите“ од работата на екс-тренерот.

Најгласен од сите беше Арјен Робен, кој бараше повеќе да се работи на тренинзите. Тој во повеќе наврати му порача директно на Анчелоти дека син му на училиште тренира повеќе отколку фудбалерите на Баерн“ – пишува „Кикер“, додавајќи дека на истата тема се пожалиле и капитенот Мануел Нојер и дефанзивецот Џером Боатенг, кои заедно со Томас Милер исто така барале да се зголеми нивото на интензитет на тренинзите.

Поради ова заедно со Анчелоти отказ добил и Џовани Маури, кој бил фитнес-тренер на фудбалерите на Баерн. Дел од играчите самите си организирале дополнителни тренинзи да останат во топ-форма, па интересно ќе биде да се види какво темпо на работа ќе воведе новиот тренер, со оглед на фактот дека обично физичката подготвеност се темпира во текот на летото.

Се вчитува...