Робен заврши со фудбал за 2018 година

Арјен Робен поради повреда ги пропушти последните средби на Баерн Минхен, а тренерот Нико Ковач денеска обелодени дека холандскиот ас нема да се врати назад во тимот до крајот на оваа година.

„Робен има проблем со мускулните влакна и не сакаме да ризикуваме и да избрзуваме со него. Тој нема да игра до крајот на 2018, но го очекуваме назад во тимот на почетокот од новата година“ – истакна Ковач.

Холандскиот крилен офанзивец ќе го пропушти утрешниот дуел со Хановер, како и преостанатите две средби кои можат да бидат многу незгодни за баварскиот гигант, против екипите на Лајпциг и Ајнтрахт. Неговиот камбек се очекува во првото бундеслигашко коло во 2019 година, во кое Баерн ќе му гостува на Хофенхајм.

Се вчитува...