Роберт Левандовски е најдобар фудбалер во светот за 2020 година

Офанзивецот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби наградата за најдобар фудбалер во 2020 година во изборот на ФИФА.

Левандовски во најтесниот избор ги победи Кристијано Роналдо и Лионел Меси, па ја доби наградата од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Дел од европските медиуми уште претходно објавија дека Левандовски ќе биде добитник на најголемото признание на ФИФА.

Се вчитува...