Роберт Марковиќ одговорен за безбедноста на Европското првенство во Израел

Покрај нашиот најмлад интернационален фудбалски судија, перспективниот Игор Стојчевски, на Европското првенство за млади категории, фудбалери до 17 години што се одржува во Израел до 2. јуни, на шампионатот е присутен по налог на УЕФА и комесарот за безбедност и интегритет на Фудбалската федерација на Македонија, Роберт Марковиќ.

Oдговорна задача за Марковиќ ако се знаат строгите безбедносни мерки што се применуваат не само на фудбалските натпревари туку и на останатите спортови во Израел, дури и тогаш кога израелските спортисти настапуваат во другите држави.

Игор Стојчевски, кој во Израел е и со помошниот судија Даниел Василевски, веќе беше главен судија на мечевите: Холандија-Бугарија (3-1) и Германија-Луксембург (3-0) што е знак дека добро се покажал бидејќи по одиграни три кола веќе беше главен судија на два натпревари.

На мечот Германија-Луксембург покрај Василевски му помагаа и Мирослав Максимов од Бугарија, четврти судија бил Томас Гатри од Велс. Инаку на шампионатот судат шест најперспективни млади судии од Европа и двајца домашни судии. На првенството настапуваат осум репрезентации поделени во две групи.

M.M.

Се вчитува...