Роберт Марковиќ одговорен за безбедноста на мечот Феенорд – Рома

Продолжува довербата во квалитетите и одговорната работа на претставниците на Фудбалската федерација на Македонија од страна на комисиите на УЕФА.

Комесарот за безбедност и интегритет на ФФМ Роберт Марковиќ ќе се грижи за безбедноста на првиот четвртфинален меч во Лигата на Европа меѓу холандскиот претставник Феенорд и италијанскиот клуб Рома, чиј тренер е Жозе Мурињо. Натпреватот се игра на 13 април во Ротердам.

Годинава Марковиќ од страна на УЕФА беше ангажиран да се грижи за безбедноста на натпреварите Трабзон – Базел и Алкмар – Лацио/М.М/

Се вчитува...