Роберт Просинечки успешно опериран во Сараево

Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, Роберт Просинечки успешно е опериран во Сараево. Операцијата траела три часа и тој е во стабилна состојба.

Добро ја поднесе операцијата и неговата состојба е стабилна. Моментно е на одделението за интензивна нега каде ќе остане неколку дена“ – соопштија е од Фудбалската федерација на БиХ.

Тој синоќа беше хоспитализиран, а утрово му беше извршена операција. Неговата состојба вчера значително се влошила, првичните претпоставки биле дека се работи за исцпеност, но потоа биле утврден сериозни абдоминални проблеми.

Легендарниот хрватски фудбалер и поранешен репрезентативец на Југославија, пред осум години ја почна тренерската кариера. извесен период беше селектор на Азербејџан, а од јануари годинава ја презеде селекцијата на БиХ со која успешно ја мина групата од првата фаза во  Лигата на нациите и избори пласман во елитната група од ова натпреварување за следната сезона.

Се вчитува...