Роберто е спасителот: Барса се испоти за да го победи „фенерџијата“ во Ла Лига

Барселона дефинитивно се наоѓа во криза, откако каталонскиот гигант со судни маки успеа да слави над „фенерџијата“ Алмерија со 3-2 и барем за момент да ја прекине серијата слаби резултати. Улогата на херој му припадна на искусниот Серџи Роберто, кој ги постигна вториот и третиот гол, спречувајќи нова бламажа на својата екипа.

Каталонците одиграа уште еден меч со бројни осцилации, три пати доаѓаа до предност, но првите два пати му дозволуваа на гостинот да се врати во натпреварот. Особено смешен беше вториот гол на Алмерија, кога Араухо се судри со својот голман во петерецот, топката падна на земја до Едгар, кој ја претвори во израмнување на 2-2.

Гундоган промаши неверојатен зицер од половина метар, но затоа одлично се снајде Роберто, кој втрча од позадина и рутински го совлада голманот на „фенерџијата“ за конечен триумф.

Се вчитува...