Роберто Карлос го состави идеалниот тим на сите времиња

Еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, Роберто Карлос го избра идеалниот тим на сите времиња. Карлос во кариерата освои се што може да се освои. Со Бразил беше светски шампион, а со Реал Мадрид ја освои титулата во Лигата на шампионите. Карлос беше соиграч со најголемите фудбалски ѕвезди, а во идеалниот тим е само еден играч со кој не ја делел соблекувалната, а тоа е Паоло Малдини.

Ако се прашува Роберто Карлос, на голот на најдобриот тим на сите времиња е Икер Касилјас, десен бек Кафу, а на левата бековска позиција се стави самиот. Стоперскиот пар го сочинуваат Фабио Канаваро и Паоло Малдини. Во средината се Зинедин Зидан, Клод Макелеле и Кларенс Сидорф, а во нападот има место за Роналдињо, Роналдо и Луис Фиго.

Се вчитува...