Роберто Карлос преку социјалните мрежи ги демантираше гласините дека спие на стадион.
Пред неколку дена се појави вест дека тој наводно се преселил во спортските објекти на Реал Мадрид по неговиот развод со Маријана Лукон. Тој напиша објава на Твитер во која се осврна на ваквите наводи.
„Последниве денови се шират штетни и лажни приказни за мене и моето семејство. Ја ценам мојата приватност, но морам да ги отфрлам лудите гласини за тоа каде живеам. Овие измислени приказни постојат само за да се создаде лавина од кликови и читатели. Моментално живеам во стан со членовите на моето семејство. Моите адвокати ги проверуваат споменатите наводи и лаги и можно е да покренеме постапка. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност“, напиша легендарниот Бразилец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА