Роберто Карлос не заборава: Тој човек за малку ќе ми ја уништеше кариерата

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос се потсети на деновите поминати во Интер каде беше на милост и немилост на англискиот стратег Рој Хоџсон. Карлос вели дека Англичанецот воопшто не разбира фудбал и дека побарал од Морати да замине токму поради него.

„Рој Хоџсон ме уништуваше. Ме тераше да играм во средина, а чим си среден играч знаеш дека да играш во репрезентација на Бразил можеш само да сонуваш. Тој човек не го разбира фудбалот. Разговарав со Масимо Морати и го замолив да ме пушти. Преминав во Реал Мадрид каде работев со Фабио Капело и тој е најважниот тренер во мојата кариера“, изјави Карлос. 

Роберто Карлос во Интер стигна во 1995 година, а по само една година премина во Реал Мадрид каде остана до 2007 година.

Се вчитува...