Франција и Аргентина ќе се сретнат во финалето на Светското првенство во Катар. Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос беше запрашан дали тој и неговите сонародници ќе навиваат за големиот ривал Аргентина во финалето.
Тој вели дека нема да навива за никого во финалето бидејќи во неговата земја луѓето навиваат само за една репрезентација, а тоа е бразилската.
„Не. Ние Бразилците немаме друга репрезентација за која навиваме. Ние сме заинтересирани само за нашиот тим. Аргентина и Франција направија голема работа со пласманот во финалето и нека победи подобриот“, изјави Карлос.
Натпреварот е со почеток во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА