Роберто Карлос одлучи: Немам дилема, Марсело е најдобриот лев бек во историјата на фудбалот

Легендарниот бразилски лев бек, Роберто Карлос изјави дека неговиот сонародник Марсело е најдобриот лев бек во историјата на фудбалот.

Карлос ја даде изјавата откако 34-годишниот Марсело го напушти Реал Мадрид по 15 години.

„Немам дилема, Марсело според мене е најдобриот лев бек во историјата. Тој го знае тоа, многу разговарав со него. Штета е што го напушти Реал. Сè уште не ја завршил кариерата. Има уште четири до пет години да игра. Не отидов на негово збогување бидејќи знаев дека ќе плачам. Ќе плачам затоа што го следев од почеток до крај“, емотивно изјави Карлос.

Неодамнешната титула во Лигата на шампионите беше 25-ти трофеј за Марсело во Реал и тој го напушти мадридскиот клуб како најтрофејниот играч во историјата на Реал.

Се вчитува...