Роберто Карлос се враќа на фудбалот, Бразилецот размислува да започне сериозна тренерска кариера!

Поранешниот играч на „кралевите“, Роберто Карлос е можно повторно да се врати на фудбалот, но овој пат како тренер. Зидан освои значајни титули со Реал, но оваа сезона не оди како што сите посакуваа и очекуваа. Па, најверојатно во Реал се очекува „чистка“ и „ремонт“ како во тимот, така и во стручниот штаб

Сантијаго Солари имаше своја шанса на „Бернабеу“ како тренер. Па, сега се шпекулира дека Раул Гонзалес би можел да го предводи првиот тим на „кралевите“ доколку Зидан си замине. И „мадридската школа“ може да понуди друг тренер. Станува збор за Роберто Карлос, легендарниот лев бек на Реал кој веќе имаше можност да се испроба како тренер во Турција. Бразилецот сега размислува да се врати покрај аут-линијата.

“Само што добив неколку понуди да одам и да работам во Мексико. Имам договор во Реал Мадрид и тешко е да се оди сега, но еден ден би можел да одам таму. Не знам во кој клуб, но повиците од агенти и претседатели на клубови во Мексико се добар знак и комплимент за мене“, изјави Карлос.

Бразилецот во моментов работи во Реал во маркетинг секторот, но тој призна дека ја следи мексиканската лига, особено Клуб Америка, кој го води веќе споменатиот Солари. Карлос беше тренер на 79 натпревари во Турција, па останува да видиме дали потенцијалната работа во Мексико ќе остави поголема трага во неговата тренерска кариера.

Се вчитува...