Славениот бразилски поранешен фудбалер, Роберто Карлос поради развод и големи финансиски проблеми остана на улица. Разводот од 15-годишниот брак со сопругта Миријана е во тек, а додека трае тој не може да живее на својот имот.
Роберто и Миријана Карлос заедно стекнаа богатство вредно 160 милиони евра, но додека трае процедурата за развод тој не може да ги користи средствата. Во моментот живее во просториите на Реал Мадрид кои ги користат фудбалерите за време на карантин.
Карлос активно работи во маркетинг секторот на Реал Мадрид, но прима само симболична плата, а во полза не му е ни фактот дека има 11 деца за кои плаќа алиментација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА