Роберто Манчини беше играчка легенда на Лацио, наскоро ќе стане тренер на Рома

Иван Јуриќ неочекувано го преживеа и последното фијаско на Рома, но италијанските медиуми тврдат дека деновите на хрватскиот стратег на „Олимпико“ се избројани откако управата на „волчицата“ почна преговори со Роберто Манчини.

Поранешниот италијански селектор неодамна доби отказ во Саудиска Аранија, но Манчини е подготвен за експресно враќање на фудбалот, а на Рома гледа како на идеална дестинација иако како играч важеше за клупска легенда на градскиот ривал Лацио. Информциите од Италија говорат дека Рома има подготвено договор на една и пол сезона, со можност за продолжување на уште една година, а Манчини начелно ги прифатил понудените услови.

Рома денеска се среќава со Болоња, дури и во случај на победа неизвесно е дали Јуриќ ќе остане, но во случај на нов „кикс“ Хрватот експресно  ќе добие шут-карта. Тој дојде пред неколку месеци на местото на Даниеле де Роси, но наместо да го разбуди тимот Рома падна во уште поголема криза, голем дел од клучните играчи се незадоволни и разделбата делува неизбежно.

Раководството го одолговлекуваше отказот поради немањето адекватна замена, но сега кога Манчини е во игра, целиот процес ќе се забрза за италијанската фудбалска легенда да се врати на „Олимпико“, овојпат како тренер на Рома.

Се вчитува...