Роберто Мартинез ќе остане на чело на фудбалската репрезентација на Белгија и покрај елиминацијата од Италија во четвртфиналето на Европското првенство. Претседателот на фудбалската федерација на Белгија, Питер Босарт изјави дека Мартинез останува и веќе се почнати подготовки за квалификациските мечеви за СП во септември и октомври.
„Денеска ги почнавме подготовките за квалификациските натпревари во септември и октомври за Светското првенство 2022 година заедно со Роберто Мартинез. Нема никаква причина да правиме промена на тренерскиот кадар“, изјави Босарт.
„Златната генерација“ на белгискиот фудбал веројатно ќе остане без ниту едно злато, откако веројатно ја пропушти и последната шанса за такво нешто на ова ЕП. За потсетување по елиминацијата на Белгија од Велс на ЕВРО 2016 веднаш беше заменет тогашниот селектор, Марк Вилмотс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА