Белгискиот репрезентативец Еден Азар ја обнови повредата на скочниот зглоб на мечот против Леванте и ќе паузира околу три месеци. Тоа го прави неизвесен дури и за настап на Европското првенство. За него сезоната во дресот на Реал Мадрид е завршена.
Азар се здоби со фрактура на коска во скочниот зглоб на десната нога и по консултациите со медицинскиот тим на „кралевите“ ќе биде одлучено дали ќе замине на операција. Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез, стравува дали ќе го има на располагање Азар и за настапот на ЕП.
„Жалам што Еден Азар повторно е надвор од терените поради повреда. Не е воопшто наивно, затоа што тој ќе мора да паузира најмалку три месеци, а тоа го прави неизвесен и за учество на Европското првенство. Му посакувам брзо заздравување и сите се надеваме дека сепак ќе успее да се рехабилитира навреме за да биде дел од селекцијата на Белгија на ЕВРО 2020“, изјави селекторот на Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА