Шкотска по пауза од 28 години повторно ќе игра на еден фудбалски Мундијал, откако во драматична завршница со два гола во судиското продолжение славеше над Данска со 4-2 и го освои првото место во групата.
Капитен на Шкотите во овој фантастичен успех беше левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон, кој во првата изјава по мечот не заборави да го спомене Диого Жота, големиот пријател кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа минатото лето.
„Од утрово, штом се разбудив, не можев да го тргнам Диого Жота од главата. Тој не играше на СП во Катар поради повреда, јас не играв бидејќи Шкотска со години немаше мундијалски билет. Секогаш зборувавме и се шегувавме како би било да заиграме на едно СП. Тој сон сега е реалност, а јас знам дека Жота вечерва ми се смешка од небото“, изјави емотивниот Робертсон по големиот успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

