Поранешниот ирски фудбалер, Роби Кин е назначен за шеф на стручниот штаб на Ференцварош.
На клупата на шампионот на Унгарија го наследи Паскал Јансен, кој во меѓувреме беше назначен за тренер на Њујорк Сити.
„Со задоволство можеме да објавиме дека потпишавме договор со Роби Кин, кој одигра 146 натпревари за Република Ирска. Во вторник Кин ќе му се приклучи на тимот кој е на подготовки во Шпанија“, се вели во соопштението на клубот.
Ференцварош е најтрофејниот унгарски клуб со 35 титули во националниот шампионат. Кин ја започна својата тренерска кариера во Индија во 2018 година, каде работеше како асистент на Мајк Мекарти, а потоа беше асистент во Мидлсброу. Беше дел од стручниот тим на Лидс, а првата самостојна работа му беше на клупата на Макаби од Тел Авив.
На Макаби му го донесе првенството и купот, а во Конференциската лига влезе меѓу шеснаесетте најдобри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА