Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс ќе биде во главна улога на свеченото отворање на СП 2018, закажано за четврток во пресрет на премиерниот меч меѓу Русија и Саудиска Арабија, што ќе се игра на стадионот „Лужники“ во Москва.
Вилијамс ќе изведе неколку свои мега-хитови, а воедно ќе има и дует со рускиот сопран Аида Гарифулина.
„Многу сум возбуден што ќе се вратам во Русија за да настапам на отворањето на СП. Вклучете се порано в четврток за незаборавно шоу“ – порача Роби Вилијамс преку својот официјален профил на твитер.
Very excited to be returning to Russia to perform at the opening of the @FIFAWorldCup – tune in early on Thursday for an unforgettable show! #WorldCup pic.twitter.com/skwCwt21SM
— Robbie Williams (@robbiewilliams) June 11, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА