Бразилецот Робињо ја чека пресудата на Врховниот суд на Бразил за обвинението за силување, а за целиот случај ја обвинува „расистичката“ Италија.
Поранешниот фудбалер на Милан, Реал Мадрид, Манчестер сити веќе е осуден во Италија за силување на Албанка. Меѓутоа, бидејќи нема договор за екстрадиција меѓу Бразил и Италија, тој е во својата татковина и таму му се суди за силување.
Тој случај сега е пред Врховниот суд на Бразил. Но, поранешниот бразилски репрезентативец упорно негира дека го сторил делото за кое е обвинет во 2013 година.
„Да бев бел никогаш немаше да бидам осуден. Ме осудија затоа што Италија е расистичка земја“, изјави Робињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА