Робињо се враќа на голема сцена

Искусниот бразилски фудбалер Робсон де Соуса, попознат како Робињо, ќе ја продолжи кариерата во турскиот Башакшехир.

Поранешниот играч на Сантос, Реал мадрид, Манчестер сити и на Милан, минатата година потпиша за Сиваспор за кој сезонава одигра 16 натпревари и постигна осум гола од кои четири во последните два натпревари.

Робињо и покрај возраста, игра во одлична форма, и многу лесно може да се случи следната сезона да го видиме и во Лигата на шампионите доколку неговиот нов тим го задржи лидерскиот статус во турската Суперлига.

Клубот не ги соопшти финансиските детали од договорот, а Рубињо шанса за деби во новиот клуб ќе има на 20 јануари во дуелот против Трабзон кога ќе заврши зимската пауза во турскиот шампионат.

Се вчитува...