Башакшехир направи огромен чекор наназад во битката за титулата во Турција, откако оваа екипа ремизираше 1-1 на домашен терен со Сиваспор. Ремито беше максимално болно ако се знае дека Сива постигна гол во последната минута преку Робињо, и тоа крајно смешен откако по обидот за центаршут на Робињо, домашниот голман самиот си ја турна топката зад гол-линијата.
Од овој резултат најмногу профитираше Галатасарај, кој има ист број бодови со Башакшехир, но и натпревар помалку и идеална шанса за чекор напред кон шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА