Алис Робинсон од Нов Зеланд е победничка на последната трка во сезоната во алпско скијање која денеска се возеше во швајцарскиот Лензерхајде. Таа велеслаломот го заврши со вкупно време од 2:19.48 минути, што беше за 28 стотинки подобро од второпласираната Американка, Микаела Шифрин. Третото место и припадна на Матеа Хорват од Словенија која доцнеше 48 стотинки зад времето на победничката.
Во генералниот пласман триумфираше Петра Влхова од Словачка, додека малиот кристален глобус во велеслалом и припадна на Италијанката, Марта Басино.
Австриецот Мануел Фелер триумфираше на последниот слалом во машка конкуренција со кој денеска се затвори сезоната во Светскиот куп во алпско скијање. Фелер до победата стигна со време од 1:47.24, што беше за 8 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Французин Клеман Ноал. Подиумот го надополни вториот Французин Алексис Пантуро кој беше 11 стотинки поспор од победникот.
Во генералниот пласман кај мажите севкупен победник е Алексис Пантуро од Франција, додека во слалом како најдобар заврши Марко Шварц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА