Рочи со гол на своето деби за Струга ТЛ: Напорно работев за овој момент

Флоријан Рочи, младиот играч на Струга ТЛ вечно ќе го памети овој ден. Тој дебитираше за струшкиот тим, и постигна веднаш гол на дуелот со Македонија ЃП, а неговиот тим успеа да дојде до победата.

Рочи е роден во Струга, а денеска го имаше своето деби за првиот тим на Струга ТЛ, и со гол успеа да придонесе гостинот да дојде до трите бода со триумфот од 0-2.

„Отсекогаш сонував да го носам дресот на тимот од мојот роден град. Посебно е чувството за она што се случи денеска. Работев напорно за овој момент, и кога дојде, тоа беше емоција која не се опишува со зборови. Исклучително сум среќен. Гол на моето деби, тоа е нешто големо. Моментот што дојде во дресот на Струга ТЛ го прави уште поспецифично. Благодарност до тренерот и до соиграчите за овој момент. Секој ден се обидувам да се подобрувам, и да му помогнам на тимот колку што можам. Тука се чувствувам како дома, има многу позитивна атмосфера, со играчи и персонал кои ме поддржуваат. Фокусиран сум максимално кон овој дрес, и сега мое е само да продолжам со добри игри да се наметнувам“, рече Рочи.

Се вчитува...