Роденденот се претврои во кошмар: Ибрахимович исвиркан на „Сан Сиро“

Златан Ибрахимовиќ нема по добро да го помни одбележувањето на 125 роденден на Милан бидејќи не доби топол пречек од незадоволните навивачи на „Сан Сиро“. Легендарниот Швеѓанец со балканско потекло неодамна замина во играчка пензија и тоа со солзи во очите на истиот стадион, а сега беше исвиркан од фановите на славниот италијански клуб поради тоа што лошо ја врши новата функција на спортски директор.

Дуелот со Џенова за „росонерите“ беше повеќе од само обичен натпревар, на прославата се појавија легенди на клубот како Френк Барзи, Филипе Инзаги, Марко ван Бастен…, но и тоа не беше инспирација за сегашните фудбалери да дадат максимум и да постигнат гол во мрежата на Џенова.

Навивачите испратија и порака со парола на која напишаа „Ги поздравуваме нашите шампиони. Симоблите на Милан кој веќе не постои“.

Се вчитува...