Роденденски подарок за Килијан: Братот на Мбапе на 16 години дебитираше за ПСЖ

ПСЖ веќе извесно време не бира начини да го убеди Килијан Мбапе да потпише нов договор со клубот, а вечерва беше направен нов неочекуван чекор во тој правец – откако шанса за настап за сениорскиот тим доби неговиот помлад брат Етан Мбапе.

Мбапе јуниор има само 16 години и не е вбројуван меѓу најголемите таленти во школата на ПСЖ, но тренерот Енрике сепак реши да го уфрли во игра во финишот од мечот против Мец, како роденденски подарок за Килијан кој денеска полни 25 години.

ПСЖ рутински го доби мечот со 3-1, сите голови беа постигнати во второто полувреме, а стрелци за „светците“ беа Витиња и Килијан Мбапе (два гола).

Ница го совлада Ленс и остана на „минус пет“ во однос на водечкиот ПСЖ, а до три бода стигна и третопласираниот состав на Монако, кој со пресврт славеше на гостувањето против Тулуз со 1-2, со двата гола што ги постигна Бен Једер.

Ethan Mbappé comes on for his senior debut for PSG – the midfielder sharing a pitch with his older brother, on the latter’s 25th birthday.

Се вчитува...