Роденденскиот подарок од Роналдо за Георгина е вистинско изненадување

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез откри што и подарил славниот Португалец годинава за роденден.

Роналдо е најплатен фудбалер во светот и се проценува дека во Саудиска Арабија ќе заработува околу 173 милиони евра годишно, но за 29. роденден на неговата партнерка Георгина Родригез не потрошил ниту цент.

Имено, Георгина неодамна гостуваше во емисијата „Ел Хормигуеро“ на шпанската телевизија каде ја промовираше новата сезона од својата документарна серија „Јас Георгина“, а потоа откри што и подарил Роналдо за роденденот кој го прослави на 27. јануари.

„Оваа година ми даде време, бидејќи мојот роденден секогаш се совпаѓа со сезоната и со него поминав само неколку од моите родендени“, изјави Георгина.

Се вчитува...