Кире Лазаров денеска го прославува својот 43. роденден, а членовите на РК Алкалоид решија да ја изненадат македонската ракометна легенда.
Лазаров утрово пристигна на тренингот на својот тим, каде беше изненаден од членовите на првата екипа, но и на младинските тимови на РК Алкалоид, кои со торта го пречекаа „шефот на струката“.
Лазаров нема многу време за славје бидејќи веќе утре го очекува нов предизвик – полуфинален дуел со Вардар во Купот на Македонија, меч што ќе биде на програмата со почеток во 20 часот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

