Роџер Федерер и по три години откако замина во пензија не ја губи славата. Швајцарскиот тенисер останува популарен за спонзорски цели кои сега му донесоа и титула милијардер.
Имено, според популарниот „Форбс“, поранешниот тенисер сега вреди 1.1 милијарда долари. Ново стекнатото богатство се должи и на добрата работа со брендот „Он“ кој се бави со продажба на патики.
Според изворите, само од тенисот Федерер заработи 131 милион долари со кои е зад најголемите ривали Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

