Роџер Федерер во својата исклучителна кариера освои се што може да се освои во тенисот и 37-годишниот Швајцарец веќе размислува и за пензионерските денови.
Во интервјуто за американскиот „Мајами Хералд“ најдобриот во историјата на белиот спорт открива дел од своите планови во кои главно место има семејството и добротворната работа.
„По завршувањето на играчката кариера сакам да и се посветам на хуманитарната дејност и на моите деца. Сакам да бидам добар татко и добар сопруг. Сега се трудам да поминувам време со по две од децата истовремено. Тешко е да одделам време на сите четири посебно. Потребно е постојано да разговарам со нив. На крајот од секој слободен ден одвојувам по три часа и во опуштен амбиент разговараме за нивните проблеми“ – вели Роџер Федерер.
Швајцарецот е носител на рекордни 20 гранслем титули, олимписки шампион од Пекинг во 2008 година и рекордер со вкупно 237 седмици на врвот на АТП листата.
Во приватниот живот, Федерер е во среќен брак со поранешната тенисерка Мирка Вавринец со која имаат четири деца – осумгодишните близначки Мајла и Шарлин и четиригодишните близнаци Лео и Лени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА