Можеш да имаш 20 грен-слем титули и шест трофеи на Австралија Опен, но ред мора да почитуваш. Ова го научи Роџер Федерер откако обезбедувањето на грен-слемот во Мелбурн не му дозволи да помине без акредитација.
Швајцарецот пак многу дисциплинирано си почека и помина дури откако член на неговиот тим покажа акредитација потребна за зоната каде што сакаше да оди.
Even @rogerfederer needs his accreditation ?#AusOpen (via @Eurosport_UK)
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 19, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА