Роџерс го напушта Селтик, се враќа во Премиер-лигата

Брендан Роџерс во текот на денешниот ден ќе го официјализира своето заминување од клупата на Селтик, по што поранешниот стратег на Свонси и на Ливерпул ќе се врати назад во англиската Премиер-лига. Лестер ќе биде новиот клуб на Роџерс, откако „лисиците“ го избраа токму овој стратег за наследник на Клод Пуел, кој беше отпуштен по убедливиот пораз од Кристал палас.

Челниците на Селтик му дале зелено светло на Роџерс да почне преговори со Лестер, па се очекува да биде постигнат договор во следните неколку часа, по што „лисиците“ ќе го официјализираат ангажманот на Брендан Роџерс, а шкотскиот првак ќе наплати околу пет милиони фунти за заминувањето на својот менаџер.

Шкотските медиуми најавуваат дека Селтик веќе има договорено и нов стратег, и тоа поранешниот менаџер на клубот, Нил Ленон, кој четири години седеше на клупата на „зелените“ пред да си замине во мај 2014 година. Ленон минатиот месец си замина од клупата на Хибернијан, така што може веднаш да се фати за работа во Селтик, па дури и да го води тимот на утрешниот дуел со Хартс.

 

Се вчитува...